(ВИДЕО) ХАОС ВО ОБРАЗОВАНИЕТО – РЕЖИМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ ги тераат учениците на протест против ДУИ и СДСМ, ученичка го запука тоа гомно режимско и му возвраќа: Не сме тука да држиш политички говори за спас на Грујо и бате Саше

0
5797

Не престануваат злоупотребите на институциите и целата администрација на веќе нелигитимната власт за да ги натера вработените па дури и малолетниците да одат на протест против како што викаат „менувањето на знамето и химната“, работи за кои е јасно дека не може да се сменат без двотретинско мнозинство, а и сите партии веќе кажаа дека нема да се менуваат.

Директорот на прилепската гимназија Мирче Ацев, Кирил Николоски, со политички говор ги убедува учениците да излезат на протестот „За заедничка Македонија“,но во меѓувреме тие го снимаат и ставаат неговиот говор на социјалните мрежи.

Николоски со својот говор кон учениците ги убедува да се активираат во протестите зошто ќе се воведела двојазичност, менување на химна, менување на знамето и воведување албански монети.

Во еден момент една ученичка му возвраќа на директорот: Директоре уште поголема срамота е во образовна институција да ни држите политички говори! Тие велат дека не сакаат да одат на протестот туку да се одржи наставата.

Пред две недели обид да се однесат учениците на протестот „За заедничка Македонија“ имаше и во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“.

Извор: А1он.мк