(ВИДЕО) Функционери на СДСМ во Арачиново – разговарале со жителите за секојдневните маки и проблеми

0
1194

Високи партиски  функционери на СДСМ денеска беа во Арачиново каде на последните избори на 11 декември ги победија другите партии на Албанците во македонија. Генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски не сакаше да ја коментира причината за денешната посета, ниту пак други прашања поврзани со евентуалните разговори за составување влада. Арачиновци кои ги дочекаа претставниците на СДСМ велат дека разговарале за секојдневни проблеми во селото, пренесува ТВ21.

sdsmaracinovo

На изборите на 11 декември, коалицијата предводена од СДСМ во општина Арачиново доби повеќе гласови од останатите партии, односно вкупно 2040. Пратеникот од редовите на оваа партија, Мухамед Зеќири истакна дека СДСМ нема да ги разочара Албанците. 

СДСМ можеби зборува со Арачиновци за секојдневните потреби на жителите, но и денеска остана без коментар во врска со содржината на заедничката платформа на партиите на Албанците во македонија, обелоденета пред девет дена.