(ВИДЕО) Фрчко во елемент: Мнозинството од Уставниот суд е една класична петчлена банда, тоа е најниско ниво на човечки материјал во бирократијата!

0
1153

Screenshot_128-685x320Мнозинството од петтмината уставни судии се една петчлена банда која работи не за одбрана на еднаковста како врвно право, туку по налог на газдата. Илузорно е да се анализираат нивните одлуки од правен и стручен аспект, зашто тие така не одлучуваат, туку според наредбата од владејачјата партија,односно на Груевски, оцени професорот Љубомир Фрчкоски на денешната дебата „10 години неправда“ со осврт на Уставниот Суд и уставниот поредок во РМ, што ја организираше Хелсиншкиот комитет за човекови права, како дел од граѓанската акција „Заслужуваме подобро“, пренесува „А1он“.

– Мнозинството на уставните судии се класична петчлена банда, како што имаа Кинезите во времето на културната револуција. Намерно се бирани од таков човечки материјал кој служи и илузорно е да ги анализирате нивните одлуки. Некои од нив се срамно неписмени, вели професорот Фрчкоски.

Според него погрешна е стратегијата на издвоени мислења на судиите кои не се согласиле со мнозинството. Тие не трба да стануваат дел од играта на постојано повторување, туку треба да се исклучат од процедурата на одлучување и да дадат издвоено мислење надвор од Судот, на прес конференција. Фрчковски смета дека обесмислувањето на Уставниот суд кој не фунционира според законите и Уставот, туку во спрега со власта, треба да се изврши со протести на граѓаните, мислењата на експертската јавност и на меѓународната заедница.

– Обесмислувањето на Уставниот суд е однос кон неговиот газда, не кон судиите. Тие имаат газда, па немојте да губите време со нив, она е најнизок човечки материјал. На нивниот газда мора да направите да му ја направите употребата на судот – политички скапо, рече Фрчкоски.

ВИДЕОТО може да го погледнете ОВДЕ