(ВИДЕО) Фрчкоски: Притисокот да продолжи пожестоко, Груевски ќе се повлече или ќе воведе гола диктатура

0
958

frckovski.debata-640x320

Реформите за излез од политичката криза не може да ги спроведува човекот кој ја донесе кризата, односно  Груевски. Тој мора да си замине, за Обвинителството да проработи како институција и најдоцна до ноември четири – пет луѓе најмалку да бидат уапсени. Ова е мислење на професорот Љубомир Фрчковски, кое тој го сподели со присутните граѓани во антивладиниот камп пред Влада на вчерашната дискусија.

Дискусијата насловена „Какви пораки содржат извештаите на ЕУ и САД за Македонија?“ ја водеше претседателка на Комисијата за европски прашања на СДСМ – Лидија Димова, а единствен гостин беше Фрчковски кој дебатираше со камперите пред Влада.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=JoWLiWM8mGA&feature=youtu.be[/youtube]