(ВИДЕО) Фрчкоски за 24 Отвoрено: ВМРО ДПМНЕ и Бојкотирам треба да му се извинат на народот со тоа што го плашеа со уставните амандмани, еве ги сега ги видовме и нема тука никаква причина за паника за некаков македонски армагедон!

0
4360
Гостувајќи во вечерашното издание на емисијата Отворено, професорот Љубомир Фрчкоски се осврна на референдумот со осврт на ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и зошто Грција бара промена во уставот.

„Зошто се преименуваат одредбите од АСНОМ? Затоа што во прогласите на АСНОМ има еден проглас кој се однесува на обедувањето на трите дела на Македонија. Тој дел ги вознемирува Грците и тоа со право. И кај Бугарите во уставот да има таков дел и нас би не вознемирило.

„Сите овие амандмани и не важат се повлекуваат ако договорот не помине во грчкиот парламент. И повторно ќе бидеме на старите позиции. Пасош, лична карта се менуваат со новиот наслов кога ќе заврши нивниот рок. Државните интитуции кои се финансираат од буџет, ќе го носат новото име во својот наслов, како ќе завршуваат пакетите од преговорите со Европската Унија. Тоа е до 2025 година.“ – истакна Фрчкоски.

Во однос на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Фрчкоски истакна дека тоа е партија која е милитантна кон своите членови, тешко ќе ги пуштат слободно да одлучуваат ако немаат жесток притисок на сестринските парии.

Фрчкоски потенцираше дека во случај договорт да не успее, тогаш Македонија повторно се враќа на старата позиција, ќе ни се закани изолација, зошто немаме пари од каде би повлекле да нормално живеење, а државата во осова нема пари и затоа има толкаво иселување. Државата ќе почне да скапува одвнатре. Ќе почне да функционира сивата зона.