(ВИДЕО) ФРОСИНА РЕМЕНСКИ ПОДНЕСЕ КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ

0
771
Фросина Ременски денеска во седиштето на СДСМ согласно постапката поднесе кандидатура за претседател на партијата за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември, до Централната изборна комисија.
Во изјава за медиумите по поднесување на кандидатурата, Ременски истакна дека нејзин мотив за кандидирање се досегашните политичко – општествено активности што ги имала во СДСМ и дека главен мотив и се нови победи на партијата.
„Согласно правилникот и одлуките на Централниот одбор на СДСМ денеска ги предадов сите документи за самокандидарање за претседателка на партијата. Очекувам откако ќе бидат утврдени кандидатите за таа функција дека ќе почнат активностите за промоција и претставување на кандидатите за претседател на СДСМ.“ порача Ременски.
Програмите на сите кандидати кои ќе поднесат кандидатура ќе бидат објавени и на официјалната интернет страница на СДСМ.
Сите информации за вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, правилникот, роковите, онлајн алатката за активна регистрација на членовите, се достапни на следниот линк: https://sdsm.org.mk/vonredni-vnatrepartiski-izbori.