(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) Ризески : Дали овој пат ќе го промените испусниот вентил на браната и дали на вистинско место ќе завршат 9 милиони денари, пари кои се предвидени за таа намена?

0
1204

Негрижата и неспособноста на надлежните доведе до еколошка катастрофа на прилепското вештачко езеро.

Купишта изумрена риба има на брегот од езерото, кое одново остана без вода.

Во период кога сеуште активно се работи во полињата и кога земјоделците се соочуваат со страшна суша, одново е испуштена водата во езерото и одново се предизвика уништување на рибниот фонд.

ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати апелираше за ваквото катастрофално менаџирање со езерото од страна на кадрите на власта, а сега одново ги прашуваме:

Кој ќе ги надомести штетите на земјоделците кои уредно имаа потпишано договори за наводнување, а во текот на целиот летен период се соочуваа со недостиг на вода?

Зошто по втор пат се испушта водата и дали некој ќе сноси одговорност за поморот на рибите?

Каде ви е совеста и како можите да си поигрувате со трудот и маката на луѓето кои секојдневно работат по нивите за да обезбедат егзистенција на своите семејства?

Дали овој пат ќе го промените испусниот вентил на браната и дали на вистинско место ќе завршат 9 милиони денари, пари кои се предвидени за таа намена?

Почитувани,

Наместо спортско-рекреативен центар со игралишта, патеки и место за рекреација и уживање, како што ветуваше градоначалникот Илија Јованоски, денеска езерото е претворено во пустелија, во eдно грдо место, кое повеќе никој не сака да го посети.

Уништувањето на вештачкото езеро во Прилеп е уште еден од низата скандали кои власта безуспешно се обидува да ги скрие, но како и за се’ претходно верувајте дека ќе одговараат.

Ќе одговараат за сите криминали сакале и не! На Македонија и следува обнова и Македонија конечно ќе ја предводи власт која ќе гарантира правна држава за сите!