(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) Георгиевски: Проширувањето на градинката Морковче во Јурумлери се одвива според планираната динамика

0
1021

Соопштение за јавност

Градоначалникот на општина Гази Баба, заедно со службите на општината на терен изврши увид во активностите за проширување на градинката Морковче во населеното место Јурумлери.

– Градежните работи одат одлично, веќе се поставени темелите и целосната инфраструктура. Со оваа доградба правиме уште една нова занимална на површина од 74 метри квадратни која ќе има капацитет за 24 дечиња. Покрај доградбата на новата занимална извршивме и пренамена на канцеларискиот простор кои беше непотребен, сега овој простор е прилагоден во јасли група со капацитет за 22 дечиња, истакна градоначалникот Георгиевски.

Иако оваа градинка е нова сепак не го исполнуваше потребниот капацитет за сместување на дечињата. Преку извршеното проширување на градинката вкупниот капацитет е проширен на 120 дечиња.

Проектот за проширување на градинката Морковче општината го работи заедно со министерството за труд и социјална политика во вкупна вредност од 3.070.000 денари. Општина Гази Баба од својот буџет одвои 2.570.000 денари, средства за изградба на објектот, а додека министерството за труд и социјална политика учествува со 500.000 денари средства наменети за опремување на градинката.