(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) БОРЧЕ ГЕОРГИЕВСКИ ПРЕКУ ОТВОРЕНА И ЈАВНА ТРИБИНА СЕ ПОФАЛИ СО ЈАВЕН ОТЧЕТ ПРЕД СВОИТЕ ЖИТЕЛИ НА ГАЗИ БАБА : Првите две години од мандатот ги посветивме на инфраструктурата, следните две – главниот фокус ни е животната средина

0
1322

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со членовите од неговиот кабинет, ги презентираа постигнатите резултати во првите две години од мандатот на градоначалникот. Посетителите можеа да прочитаат за сите проекти одделно во брошура на 60 страници.

Пред присутните амбасадори, министри, пратеници, советници од Советот на општина Гази Баба, бизнисмени, спортисти и граѓани, ги истакнаа сите реализирани проекти и оние кои се планирани за идните две години.

Градоначалникот Георгиевски посочи дека во овие две години показател во неговото работење биле потребите на граѓаните. Реализирани се проекти кои беа заборавени повеќе од 15 години, а од суштинско значење за граѓаните да можат нормално да функционираат.

  • Повеќе од 20 години граѓаните на Гази Баба се соочуваа со големи не решени инфраструктурни проблеми. Дел од населените места беа оставени без вода, други без канализациона мрежа. Оштетена и во лоша состојба 1беше и патната мрежа. Денес за само две години работите тргнаа кон подобро. Градиме без селекција, плански, еднакво во сите населени места. Ги решаваме најголемите проблеми кои со години ги мачеа граѓаните. Првите две години од мандатот ги посветивме целосно на инфраструктурата, следните две години главниот фокус ни е животната средина, вели градоначалникот Георгиевски.

Според Георгиевски, еден од проблемите со кој се соочувала општината во овие две години се блокадите и опструкциите од страна на советниците на ВМРО ДПМНЕ за ребалансот на буџетот за 2019 година, кога цели три месеци се одолговлекуваше неговото донесување за да помине градежна сезона кога работат асфалтините бази за да не можеме да се средат сите планирани улици за оваа година.

Целосно обновен плоштадот Коцка во Автокоманда кој доби сосема нов лик, реконструирани канцеларииите на месните заедници во Стајковци, Синѓелиќ и Ќерамидница, изградени и реконструирани 67 улици во должина од 76 метри, санирани ударни дупки, изградени 8 паркинг простори на различни локации, изградени пешачки патеки во должина од 10.267 метри, реконструирана велосипедска патека од двете страни на булеварот Киро Глигоров.

Решени се проблеми на граѓаните, кои беа заборавени повеќе од 17 години, кои им овозможија да добијат основни услови за живот. Изградена е водоводна и канализациона мрежа  во период од ноември 2017 до ноември до 2019 година во должина од 11.174, изградба на водовод во ниската и високата зона во Раштак, Изградба на вакуум канализација во Јурумлери, оспособување на канализационата линија во Трубарево и приклучување на главната мрежа.

Оспособување на водоводната и канализационата мрежа во новата населба Хиподром 2, изготвен е ГИС систем на општината, доделени повеќе од 6000 решенија за легализација на бесправно изградени објекти, донесени 4 нови урбанистички планови.

Ова се само дел од проектите кои ги презентираше градоначалникот Георгиевски кои ги реализира во првите две години од неговиот мандат.

Ги најави и проектите кои се планирани да се реализираат во наредните две години и тоа:

Изградба на нова административна зграда на општината, изградба на нова училишна спортска сала во основните училишта Кирил и Методиј во Стајковци и Наум Охридски во Булачани, изградба на нов училишен објект за ООУ Крсте Петков Мисирков во Ченто, изградба на ново основно училиште во Идризово, изградба на 4 нови детски градинки во Ќерамидница, Трубарево, Синќелиќ и  Инџиково, потоа изградба на пречистителна станица во Трубарево, уредување на каналот во Синѓелиќ пред објектот на месната заедница, изградба на водоводна мрежа за долната зона во Раштак, изградба на канализациона мрежа во населените места Смилковци, Црешево и Гоце Делчев.