(ВИДЕО) Фирмите кои имале пад на приходот од над 30% ќе добијат финансиска поддршка од 14.500 месечно по вработен за април и мај, исклучок се вработени со плати над 40 000 денари и фирми каде има плати поголеми од 120 000 денари!

0
856

На денешната прес-конференција во Владата, министерката за финансии Нина Ангеловска објаснуваше како компаниите можат да ги искористат мерките за поддршка од Владата за намалување на последиците предизвикани од состојбата со корона вирусот.

Како што посочи Ангеловска, мерката за финансиска поддршка од 14 500 денари за вработените за месеците април и мај, може да ја искористат сите компании кои имаат намалување на приходите од 30 отсто во месеците април и мај.

„Работодавачите добиваат финансиска поддршка која не значи нето плата, туку се работи за парични средства кои им се даваат на работодавачите да покријат дел од плата или придонеси. На пример, компаниите кои имаат пад на приходите од 30, 40, 50 проценти, целта е да можат да ги задржат работниците и да ги задржат платите на пристојно ниво со оваа поддршка“, рече Ангеловска.

Исклучок од ова се вработени кои имљт поголема плата од 39.900 денари и фирми каде повеќе од 10% од вработените имаат 120 000 денари плата.