(ВИДЕО) Филипче: Задолжително носење маска штом излезете од дома, препорака за забрането групирање после 22ч, забрането примање повеќе од 4 луѓе дома…

0
1008

Министерот за здравство Венко Филипче, на прес конференција соопшти дека согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје како и препораките на Комисијата за заразни болести, донесена е одлука за препорака на нови мерки за спречување на ширење на вирусот.

„Забрана на семејни поголеми собири, прослави и забави во домашни услови, односно се забранува групирање на граѓаните во домовите на семејни прослави, слави, други собири во групи, во едно живеалиште стан или куќа сопствениците дозволено е да примаат најмногу 4 луѓе односно на семеен настан да се сите што се живеалиште на таа адреса плус најмногу четворица други. Анализите покажуваат дека сериозен процент од новозаразените се токму од ваков тип на настани, затоа ова сакаме да го превенираме. Со оваа нова мерка дополнително ќе се избегне забавите од кафулињата и баровите да се префрлат во домашни услови.

Се забранува групирање на јавен простор после 22 часот на повеќе од 4 луѓе од истите причини, забрана за групирање по паркови, бензиски пумпи, било каде на отворено на поголема група на граѓани. Се воведува задолжително носење на маски или заштитна опрема во форма на марама, шал или друг вид прекривка на носот и устата секаде при престој на отворено, на затворено во било кои јавни објекти, на работно место, во јавен и приватен транспорт.

Исклучок од ова правило се прави при спортување на отворен простор или на затворено, секако со почитување на соодветните протоколи, при транспорт во приватно возило кога сите лица се од едно семејство или живеат во едно домаќинство, при седење во угостителските објекти, со почитување на соодветните простории, при престој во службени простории или канцеларии ако лицето е само во просторијата. Исклучок од задолжително носење на маска имаат и деца до 6 години. Овие препораки за нови мерки Комисијата за заразни болести ќе ги достави до Владата за усвојување“, рече Филипче.