(ВИДЕО) Уште еден жесток говор на Генерал Ангелов: Од понеделник блокада на обвинителството

0
989

stojanceMRT2ap-685x320

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов повика на протести и блокади на македонското обвинителство во понеделник на пладне, поради тоа што се уште молчи и не кажува дали и забранува на МРТ и со која одлука, да ги емитува снимките од опозицијата, пренесува А1он.

– Од понеделник со протести на пладне и блокади на македонското обвинитество, со десет луѓе ќе им влезам внатре, рече тој.

Ангелов најави дека и најголемата опозициска партија наскоро ќе излезе на улиците, и кажа дека тој и сите што протестираат пред МРТ ќе им се приклучат и ќе дадат поддршка. Според него, раководството на МРТ се жали дека им се вршело притисок, а всушност тие вршат насилство врз сите граѓани.

-Овде џелатот се претставува како жртва, оние што газат по Уставот и законите се нарекуваат жртва, а ние што бараме да го почитуваат законот сме вршеле притисок, рече тој.

Ангелов побара владата и пратениците да си поднесат оставки.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=9Bpc_p9_eeY[/youtube]

-Ние бараме да си заминат, овие луѓе владеат со нечесни избори, немаат легитимитет, ниту владата, ниту обвинителот, ниту раководството на МРТ. Сите што се именувани од македонското собрание немаат легитимитет, затоа собранието да се распушти и нека се формира експертска или техничка влада.

Сите знаеме дека во Македонија имаме изборен грабеж, изнесени се најмалку 1 милијарда евра, нема да ги оставиме да ги трошат нашите пари, ќе им го земеме и последниот денар, рече тој.

Извор: А1он