(ВИДЕО) Тунтев: Повлечен Законот за владино информирање, спречивме уште една лудост на ВМРО-ДПМНЕ

0
936

Пратеничката група на СДСМ денеска во Собранието спречи уште една лудост на ВМРО-ДПМНЕ. Законот за владино рекламирање со кој власта сакаше да ја запечати корупцијата на медиуми со државни пари е повлечен благодарејќи на жестоката реакција на опозицијата, рече пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев.

„Никола Груевски е во очај, веќе не се срами своите политики на поткупување заради замолчување да се обиде да ги подметне како законски решенија, но очигледно и нему и на ВМРО-ДПМНЕ им е јасно дека тоа веќе не проаѓа.

Груевски е во паника. Го очекуваат избори на кој тој и неговата пропаганда ќе заминат во историјата“, нагласи Тунтев.