(ВИДЕО) Тунтев: Браните милионски суми на фамилијарни фирми, го лажете народот

0
1331

Пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев, обвини дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го лажат народот и дека продолжуваат со опструирање на Собранието.

– Вие не браните ништо друго, освен привилегиите што ги имате. Дали во 2008-ма година ги прашавте граѓаните за Закон за јазици, дали во 2011-та прашавте дали се за амнестија на Хашките случаи и унапредување на Законот за јазици или побаравте нови избори за тоа, праша Тунтев.

Тој повтори дека платформа не постои и дека сите оние кои ќе ја прифатат програмата на Влада која ја предложи лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе влезат во новата Влада, а кој не, ќе биде опозиција.

– Имате милионски суми на фамилијарни фирми. Затоа го правите ова, рече Тунтев.

Извор : A1он