(ВИДЕО) ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КАРНЕВАЛ НА МАСКИ ВО ПРИЛЕП ,,ПРОЧКА”, ЗАПОЧНА СО ИЗЛОЖБА НА МАСКИ

0
1401

Со традиционална изложба на маски во фоајето на центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска е означен почетокот на карневалот „Прочка“ во Прилеп. Преку 1000 креативни маски од различни материјали изработија учениците од прилепските училишта под менторство на своите наставници по ликовно воспитување. Шареноликост, идејност, креативност и инвентивност ги одликуваат годинешните маски, коишто според оценките на жирито оваа изложба прават да биде многу подобра од претходните.