(ВИДЕО) Тевдовски: 2017 ќе биде година на пресврт во економијата и за граѓаните!

0
1301

2017 ќе биде година на пресврт за македонската економија и за вас. Силно ќе ги поддржиме домашните претпријатија за тие да може да се развиваат, да отвораат пристојни работни места и да даваат повисоки плати. Тоа е нашиот пристап, рече на денешната прес конференција Драган Тевдовски, претседател на Комисија за економија и член на Извршниот одбор на СДСМ.dragan0401

Еве пет важни промени што ќе ги направиме.

1. Прво: Ќе обезбедиме развој на домашните фирми! Испланиравме 140 милиони евра директна државна поддршка на домашните мали и средни претпријатија (МСП). Ќе ги поддржуваме инвестициски проекти на фирмите. Ќе им овозможиме поголем пристап до финансии, на пример, преку гаранции за кредити или преку инвестициски фонд за вложување во МСП. Ќе го олесниме пристапот на фирмите до јавните тендери, на пример преку поделба на големите тендери на лотови или преку преферирање на домашни производи и услуги.

2. Второ: Ќе поддржиме отворање работни места во домашните фирми! Преку испланираните активни мерки за вработување ќе издвоиме 22 милиона евра уште во првата година од мандатот, што е за скоро двојно повеќе од сега. Со тоа ќе овозможиме директно вработување на 16.000 лица на годишно ниво.

3. Трето: Полесно ќе се доаѓа до сопствен бизнис во Македонија. Ќе креираме деловни старт-ап центри во сите поголеми општини, во коишто државата ќе обезбеди бесплатен деловен простор за повеќе новоосновани компании и бесплатни заеднички служби како на пример одржување, архива, сметководство и слично. А по примерот на Германија, ќе создадеме можност за основање фирма со само 1 евро основачки капитал, но тие ќе бидат видно обележани.

4. Четири: Она што е клучно за фирмите, ќе ги ослободиме од досегашните притисоци и ќе го олесниме нивното функционирање! Нема да има непотребни инспекциски контроли и нарачани казни од илјадници евра. Ќе воведеме јавен регистар на инспекциските контроли, за да се спречат ваквите злоупотреби. Ќе воведеме регистар на парафискални давачки со цел да се намалат давачките на фирмите, а веднаш ќе ја намалиме фирмарината за претпријатијата со помалку од 5 вработени. Задолжително ќе се консултираме со бизнис секторот при носењето на нова регулатива, а институциите ќе мора да објавуваат упатства за примена на законите.

5. И пет: ќе ги вратиме долговите на државата кон домашните фирми! Во првите 100 дена јавно ќе објавиме план со јасни рокови за нивно плаќање. Државата нема да касни и да ја нарушува ликвидноста на фирмите.

Овие пет промени се дел од нашиот план во економијата. Тие ќе ја придвижат македонската економија напред и ќе обезбедат добар живот за македонските граѓани.