(ВИДЕО) Тасевска: Повисоки плати за над 4.300 денари за социјалните работници, го враќаме достоинството на професијата социјален работник

0
1155

Прес конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Продолжуваме со реализација на мерките што го унапредуваат системот на социјална заштита, ги подобруваат условите за работа и поттикнуваат раст на платите.

Покрај растот на платите на вработените во градинките за над 3.000 денари, растат и платите на социјалните работници и останатите даватели на услуги во секторот социјална заштита.

Почнувајќи од јунската плата во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето износ во просек по вработен.

Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 од вкупно 1.531 вработени.

Покрај  ова, следува уште едно зголемување на платите од 5 отсто во месец септември, со што вработените во секторот социјална заштита оваа година ќе имаат за 27 отсто повисоки плати.

Тоа е најголемо зголемување досега.

На овој начин ги мотивираме вработените уште попосветено да ја работат својата професија и истовремено го враќаме достоинството на професијата социјален работник.

Од овој месец, 3138 вработени во градинките и 1170 социјални работници и останати даватели на услуги добиваат повисоки плати.

Над 4.300 вработени во системот за детска и социјална заштита добиваат значително поголеми месечни примања.

Како одговорна партија остануваме посветени на унапредување на социјалната заштита, градиме систем кој се грижи за граѓаните и обезбедува квалитетни услови за работа на стручниот кадар.