(ВИДЕО) Тасева за 21ТВ: Блокирањето на договорот ќе биде лошо за граѓаните, најмалку за политичарите

0
1369

-Ќе се знае многу бргу дали договорот од Пржино  ќе биде испочитуван. Јас се надеам дека ќе биде така бидејќи немаме друг излез. Ако навистина се прогласи договорот за мртов и ако останеме блокирани во оваа политичка, економска и социјална криза, многу лошо ќе биде пред се за граѓаните. Најмалку  се политичарите тие кои ќе ги почувствуваат  последиците од евентуалното блокирање на овој договор – вели Слаѓана Тасева во емисијата „10 минути“ на 21 Телевизија.

Според неа, европските  и американските дипломати се тука да  помогнат за излез од политичка криза и политичка блокада на државата. Многу договори кои се направени надвор од институциите се со посредтсво на меѓународниот фактор кој научил  како треба да го читаат однесувањето на македонските политичари.

-Тие најнапред тргнуваат од сопственото искуство како треба да се постапи во вакви случаи, но со текот на времето се учат дека овде е поинаку. Затоа беше и она потсетување на Ванхојте кога им порача на политичарите дека „зборот е збор“. Мораме да бидеме благодарни додека се тука, што ќе биде ако кренат раце од нас? – вели Тасева.

https://www.youtube.com/watch?v=_rfgVmdrSdU