(ВИДЕО) Таравари : Заразата во село Симнице е под контрола, сите болни се пуштени дома!

0
1167

е брзаме со новите назначувања иако имаме повеќе имиња за кандидати за директори во здравството. Заменик министерот Гоце Чакаровски вчера избрзал со најавата дека денес ќе бидат сменети 33 нови директори, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Токму таа најава од Чакаровски и исчекувањето на новите кадровски смени, предизвика голема радозналост, но и разочарување кај вработените од дел од новите имиња кои се шпекулираат во медиумите.

Министерот Таравари не сакаше да открие кои директори ќе бидат назначени како што рече постапно, а на прашање на НОВА зошто толку бавно се одвиваат смените,  дали можеби постојат партиски несогласувања, одговори дека бараат најсоодветни кадри, луѓе кои ги сакаат и лекарите и пациентите.

„Нема несогласувања меѓу партнерите во коалицијата одиме полека, не брзаме, а ги консултираме и лекарите и здруженијата на пациентите“, рече Таравари.

Сепак, дел од имињата кои се појавија во јавноста предизвикаа бура од реакции во стручната јавност. Познавачите на состојбите во здравството велат дека се повторува приказната од претходната власт за дел од предложените кандидати чии имиња се вртат јавно.  За дел од нив велат дека се индиректно, роднински поврзани со луѓе од бизнисот со лекови, други дека не се доволно стручни и квалитетни, трети дека им служеле на претходниот режим, четврти дека се строго партиски кадар, некои дека се компромитирани јавно. Од друга страна министерот Таравари вели дека партиската припадност не игра улога при изборот.

„ Кои се партиски поставени? Партиската припадност е интимна работа, тие може да имаат симпатии кон една или друга политичка партија. Гледаме да ставиме луѓе што вредат“, рече Таравари.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ