(ВИДЕО) ТАЛЕВСКИ : СЕРИЈА УСПЕШНИ АКЦИИ НА МВР И РЕКОРДНИ ЗАПЛЕНИ НА ДРОГА, СИЛНА БОРБА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ

0
866

Прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Министерството за внатрешни работи продолжува да остварува одлични резултати во бескомпромисната борба со криминалот и сузбивањето на недозволеното производство и продажба на наркотици.

Македонската полиција, само за еден ден, во две големи акции, заплени 1 тон и 600 килограми наркотична дрога во вредност од 3,2 милиони евра.

Во периодот декември 2021, јануари 2022 и првите денови од месец февруари, вкупно се запленети се над два тона марихуана, над еден тон психотропни супстанци за производство на метформин со вредност од над 50 милиони евра, како и седум килограми хероин во вредност од 300.000 евра.

Овие податоци говорат за успешноста и ефикасноста на Министерството за внатрешни работи во борбата против трговијата со дрога и неселективна борба против секаков вид на криминал.

Министерството за внатрешни работи, со успешните реформи, повисоките плати, новата опрема и објекти, работи помотивирано и поефикасно.

Полицијата е вистински партнер на граѓаните.

Почитувани,

Врвен приоритет на СДСМ и институциите што ги предводи е ефикасна, неселективна и бескомпромисна борба против секаков вид на криминал.