(ВИДЕО) Талевски : Инвестиции вредни 17.000.000 евра, ја придвижуваат прилепската економија

0
1388

Прес конференција

Миле Талевски – Претседател на ОО СДСМ – Прилеп

Почитувани,

Наместо во споменици и барокни фасади, власта предводена од СДСМ инвестира во капитални проекти кои се од интерес на Прилеп и на државата.

Минатата недела во Прилеп беа промовирани два капитални проекти, во вкупна вредност од околу 17.000.000 евра.

Имено, во близина на прилепската касарна комплетно се завршени градежните работи на Центарот за Информатичко – комуникациска технологија, односно ИКТ центарот, проект чија вредност изнесува 11 милиони евра и кој во јуни 2020 ќе биде ставен во функција.

Станува збор за стратешки објект кој е од витален интерес за безбедноста и интересите на државата, затоа што во случај на катастрофи предизвикани од човечки или друг фактор, тука ќе бидат зачувани сите податоци од граѓаните и државните институции, што ќе овозможи државниот систем да функционира без проблеми.

Вториот капитален проект чија изградба е во полн ек, е клучката кај Технолошко индустриската развојна зона „Прилеп“, која ќе овозожи поврзување на ТИРЗ зоната со патната делница Прилеп-Битола. Бенефитот од ова комплексно сообраќајно решение е двоен, бидејќи истовремено ќе овозможи брз и ефикасен превоз на производите што се произведуваат во самите фабрики и ќе ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Битола.

Она што треба да се потенцира, е дека паралелно со изградбата на клучката се градат и водоводот и внатрешната инфраструктура во зоната, инвестииции  во вкупна вредност од околу 6 милиони евра.

Почитувани,

Ја движиме државата по правиот пат и работиме исклучиво во интерес на граѓаните.

Вложувајќи во инфраструктурата, вложуваме во економијата, во бизнисот и во отворањето нови и подобро платени работни места.