(ВИДЕО) Талевски : Изборот на командир на прилепската полиција е неуставен

0
1185

Прес конференција СДСМ Прилеп
Миле Талевски – Член на Совет во О.Прилеп
Прилеп, 27.09.2016

Почитувани,

Денеска до Уставниот Суд поднесуваме иницијатива за поништување на изборот на Командир на Полициската станица Прилеп.

Повеќе од еден месец Полициската станица ја раководи aлице со завршен Факултет по физичко образование, спротивно на законот!

Во чл. 24 ст.2 од Законот за полиција јасно стои дека за командир може да биде избрано лице само со завршено соодветно високо образование, односно било кој Факултет од областа на безбедноста, но никако Факултет за физичко образование!

Митко Чавков директно го прекрши Законот кога го предложи, а Советот на општина Прилеп го прекрши законот кога незаконски го избра ова лице за командир.

Ваквиот избор е нелегитимен и ја нарушува безбедноста на прилепчани. Затоа нема поддршка од опозицијата.

Го повикуваме Уставниот суд во најбрз рок да се произнесе за законитоста на решението за Командир на прилепската полиција.

Професионалците мора да застанат на чело на прилепската полиција. Законите мора да важат подеднакво за сите.

Правда мора да има и ќе има!