(ВИДЕО) ТАЛЕВСКИ : ГИ ОТСТРАНИВМЕ ПРЕЧКИТЕ ЗА ИСПЛАТА НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ТУТУНАРИТЕ

0
749

Прес конференција на Миле Талевски,  пратеник на СДСМ.

Започнува исплата на субвенции за тутун, дополнителни 307 милиони денари насочуваме кон тутунарите.

Грижата на #СДСМ за земјоделците и земјоделството продолжува.

На предлог на пратеници од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ,​ Собранието вчера ги усвои предлог-измените на Законот за земјоделство и рурален развој.​

Ги отстранивме пречките за исплата на субвенциите за тутунарите за оваа година.​

Тутунарите да бидат спокојни, субвенциите за тутун ќе бидат исплатени навремено.

Времето кога ВМРО-ДПМНЕ ги користеше субвенциите како алатка за манипулација со тутунопрозводителите, засекогаш е завршено.

Како одговорна партија продолжуваме да градиме партнерство со тутунопроизводителите и со сите други земјоделци.