(ВИДЕО) Сугарески: Собранието да се распушти, пратениците на Груевски да не кочат!

0
1162

Прес конференција
Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ и опозицијата
12.10.2016

Ве информирам дека денес пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери во Парламентот поднесуваме барање за распуштање на Собранието.

Како дел од политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, ние пратениците сме должни да покажеме дека остануваме на договорените позиции што се во интерес на разрешување на политичката криза и овозможување достинствен живот за граѓаните на Република Македонија.

Секој обид за одлагање на распуштањето на Собранието од страна на мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ќе биде доказ плус дека власта на Никола Груевски сака да избега од избори на 11 декември.

Одговори на новинарски прашања

Медиуми: Кога очекувате да се распушти Собранието со оглед на фактот што расправата за Буџетот е закажана за 17 октомври?

Сугарески: Денеска го поднесуваме барањето со назнака за одржување на итна седница и со тоа кажуваме се. Ние сме за избори на 11 декември и бараме веднаш да се свика итна седница на Собранието бидејќи сме влезени во законските рокови за распишување на избори.

Медиуми: Што ќе биде со законите за СЈО, за заштитени сведоци, и со шестата изборна единица?

Сугарески: Бидејќи бараме итна седница уште во текот на денешниот ден, за сите овие работи слободно нека дадат предлог коалиционите партнери, согласно мнозинството кое го имаат во ова Собрание, можат да стават на дневен ред уште денеска сите овие проблеми да бидат разрешени и до полноќ Собранието да биде распуштено.

Медиуми: Дали доколку овие закони не се стават на дневен ред ќе одите на избори без тие закони?

Сугарески: Значи, ние денеска поднесуваме барање. Ние сме едни од потписничките на Договорот од Пржино, и согласно договореното на 11 декември ние одиме на избори.

Медиуми:Очекувате владеачкото мнозинство да ја прифати иницијативата?

Сугарески: Ова е она што со години го зборуваме дека сме за избори меѓутоа никогаш нема да дозволиме уште еднаш криминални избори да бидат организирани во Макеоднија како претходните неколку циклуси. Тоа нема да се случи. На 11 декември ќе има фер и демократски избори. Предизвикот е многу јасен – денеска даваме предлог за распуштање на Собранието. Почесна и почиста намера не може политичка партија да даде. Слободно, уште веднаш ги повикувам да се изјаснат од оваа говорница, да слеземе долу во пленарната сала и да го распуштиме Собранието.