(ВИДЕО) Сугаревски: Иванов не може никој да го спаси, ниту шесте члена на ВМРО ДПМНЕ во комисијата

0
1290

Ви го пренесуваме обраќањето на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески на 103-та седница на Собранието на Р.Македонија:

Вие сте предлагач и правите грубо прекршување на Уставот и Деловникот за работа на Собранието.

Тоа го направивте во петокот со предлогот, на мускули го изгласавте. Tоа го правите денес на пленарна седница. Членот 206 од Деловникот став 2 е грубо прекршен и вели: Комисијата има претседател и 10 члена, кој на предлог на Комисијата за прашања за избор и именувањата ги избира Собранието.

Криминално владејачката врхушка ве натера заради импичментот на Иванов, од 11 членови, вие 6 да ставите од ВМРО-ДПМНЕ. Има тука 3 работи каде што аргументите не само што ви се лоши, туку ви се многу слаби. Се повикувате на аргументот дека ВМРО-ДПМНЕ сама во ова Собрание има мнозинство. Тотално неточно. Нема. Ако ги погледнеме бројките од 11, мислите ли дека треба опозицијата да има само двајца на 11 членови во оваа Комисија?

Ако цело време се повикувате на народ и граѓани, дајте да видиме кој прекршува Устав, кој прекршува Закон на Собрание, кој прекршува Деловник.

Вие брутално го прекршивте Деловникот. Не може од 11 членови да им дадете 2 на опозицијата. Кои сте вие тоа да давате? Вие не давате, таму стои соодветна застапеност на пратеничките групи и на пратеници коишто не се организирани во пратенички групи, ама сега вас тие пратеници не ви требаат.

Што правите вие? Мислите дека 6 луѓе во Комисијата ќе го спасат Иванов? Иванов не може никој да го спаси. Не да поништува сега аболиции, па делумно уште покатастрофално, па преку други сведоци да пробува да ги заштитува овие криминалци од влада.

Ова е чисто штитење, сега од шестте луѓе во Комсијата се бара целиот криминал на Владата да го штити со се Груевски.

Што планирате вие да правите? Во рок од 7 дена треба да напишете Извештај. Што ќе напишете во Извештајот? Изјавите на Иванов од вчера. Дека не се војува со сила, се војува со ум? Тој безумие направи за два месеци, каков ум? Човек кој направи безумие, каде што цела македонска јавност, цела светска јавност е изненадена од тоа што човекот направи. И сега вие со овој персонален состав кој што го предлагате на оваа Комисија, каде што има 6 членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе велите сега дајте да напишеме Извештај дека нема прекршување на Уставот. Прекршување на Уставот има сериозно.