(ВИДЕО) СТРУМИЧКИОТ ШАРМ НА ЗАЕВ ВО АКЦИЈА: Премиерот го прекрши протоколот и наместо по црвениот тепих, го однесе Ципрас кај новинарите да си прави селфиња!

0
1347

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и членовите на Владата на РСМ, на платото пред владата, го пречекаа премиерот Алексис Ципрас и делегацијата на Владата на Грција, кои престојуваат во нашата земја во еднодневна официјална посета.

Пречекот заврши со претставување на членовите на двете делегации, по што премиерите Заев и Ципрас се повлекоа на тет-а-тет средба, а министрите на двете влади ги започнаа одделните билатерални средби.