(ВИДЕО) Сторија 24 вести: Заборавен од државата – Без струја и вода во импровизирана куќа од 13 метри квадратни во 21 век живее охриѓанецот Енвер Јусуфовски

0
1263
Без струја и вода во импровизирана куќа од 13 метри квадратни – вака во 21 век живее охриѓанецот Енвер Јусуфовски. Вели заборавен е од државата, но надлежните си поигруваат со неговата судбина. Стравува дека ќе му го срушат и овој мизерен дом во кој живее повеќе од дваесет години.145828
Енвер е избришан од надлежните, оставен на милост и немилост од социјалните служби. Во тешко мизерни услови, без струја и вода, веќе 20 години со својот 16-годишен син, живее во импровизирана кужарка од 13 метри квадратни, отсечена од градот, којашто сам ја направил и постојано добива закани од надлежните дека ќе му ја срушат.
Ова семејство живее со мининална пензија од 7000 денари, а во домот стигаат сметки за вода и радиодифузна такса. Вели дека на секоја жалба, досега добивал затворена врата.
Пред камерата на 24 вести, тој низ солзи раскажа за мачниот живот и долгата голема сиромаштија и за животот на свеќи. Апелира до надлежните власти да му помогнат за да неговиот син добие пристоен дома.
Додека трае агонијата и голготата низ која секојдневно поминува, социјалните служби сеуште се на стартот на решавањето на случајот. Судбината на Енвер ја делат уште 700 семејства во овој град кои живеат на работ на егзистенцијата.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ