(ВИДЕО) СТОКА СИ Е СТОКА : Вилипче, Солзето, Тодор Петров и Левица го запалија знамето на НАТО пред собрание

0
4816

Неколкумина активисти на Левица и неколку десетици приврзаници на Семакедонскиот конгрес Македониум денеска протестираа пред Собранието, пренесе Телма.

Тие се собраа таму и протестираа додека внатре во парламентот траеше обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Демонстрантите од Македониум на крај запалија и едно знаме на НАТО, а со свирежи ги дочекаа и испратија премиерот и владините министри.

На одвоен протест Левица со неколкумина членови протестираа против глобалистичката политика на НАТО, додека најголемиот дел од присутните беа од организацијата Македониум кои протестираа против промената на името, законот за јазици и договорт со Бугарија.

На протестот беа Филип Петровски и екс пратеничката Солза Грчева, а тие изразија негодување и поради големиот број на полицајци кои го обезбедуваа Собранието.