(ВИДЕО) Спортската сала „Младост” во Неготино по само 4 месечна реконструкција станува повторно функционална и комплетно опремена според сите современи стандарди

0
851
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, заедно со градоначалникот на Општина Неготино, Тони Делков, денеска извршија увид во завршните градежни активности на реконструкцијата на спортската сала „Младост”.
При реконструкцијата на салата целосно е обновена кровната површина, извршена е комплетна замена на стариот со нов под, како и реконструкција на просторот под трибините, кои досега не беа во функција.
Благодарение на овие инвестициски зафати спортската сала „Младост“ станува повторно функционална и комплетно опремена според сите современи стандарди, а ќе биде средиште на спортските случувања од овој регион, но и место за спорт и рекреација на сите млади.
„Драго ми е што во оваа сала неготинчани повторно ќе можат да ги поддржуваат своите спортски клубови на кои се гледа со гордост. Токму во оваа сала се случуваа големи спортски натпревари, кои беа обележје на градот, но и на државата, и верувам дека повторно токму во оваа сала ќе следиме големи натпревари и заеднички ќе се радуваме“, изјави директорот Каевски.
Воедно тој искажа и благодарност до Општина Неготино за партнерскиот пристап при реконструкцијата на оваа сала.
Реконструкцијата на салата „Младост“ беше изведена за само 4 месеци и чинеше 10.769.902,00 денари.
Сега овој спортски објект повторно блеснува во својот полн сјај и ќе даде нова вредност на спортот во Неготино.