(ВИДЕО) СПЕЦИЈАЛЦИ ОД ЕДИНИЦАТА ,,ТИГАР” СО ХЕЛИКОПТЕРСКАТА ЕДИНИЦА НА МВР СПАСИЈА ДЕДО КОЈ ПРВО ГО НОСЕА НА РАЦЕ А ПОТОА СО ХЕЛИКОПТЕР

0
1090

По упатен повик до Центарот за управување со кризи беше побарана помош од Министерството за внатрешни работи за евакуација на болно изнемоштено лице, жител на село Галичник, општина Маврово-Ростуше, информираат од МВР.

-Од страна на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, во содејство со Хеликоптерската единица на МВР, веднаш беше одговорено на поставената задача и за кусо време се завршија подготовките за оваа спасувачка мисија. Припадниците на специјализираниот алпинистички тим на САЕ Тигар заедно со колегите од Хеликоптерската единица денеска (09.02.2022) во периодот од 07.00 до 10.00 часот извлекоа жител на село Галичник, а поради снежните навеви на патиштата кон селото, тимот на САЕ„Тигар“ беше принуден да се спушти на локацијата во Галичник, користејќи специјална опрема за спуштање и кревање од хеликоптер, соопштија од министерството.