(ВИДЕО) Специјалните обвинителки Фетаи и Ристоска за ТВ21: Ќе успееме!

0
1497

„Не  е лесно да излезеш и да се бориш на ваков начин, имајќи предвид во каква држава живееме, со какви луѓе сме опкружени и со позицијата која ја имале жените досега, но јас верувам дека ќе успееме.“, изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

Вака зборуваше на 28 декември за Катица Јанева и други обвинители, тогашниот премиер Никола Груевски. Но, три месеци подоцна, состојбата е потполно поинаква, дури и за самиот Груевски.

Една од обвинителките во тимот на Јанева, вели дека не е само политичкиот и јавниот притисок оној кој влијае врз нивната работа.

Фатиме Фетаи, за ТВ21 вели дека, ваквото општество каде што мажот доминира во сите водечки позиции, е предизвик само по себе.

Меѓутоа, како што вели таа, независно од сите предизвици со кои се соочува тимот на Специјалното обвинителство, работата ќе ја завршат до крај.

„Не е лесно да излезеш и да се бориш на ваков начин, имајќи предвид во каква држава живееме, со какви луѓе сме опкружени и со позицијата која ја имале жените досега, но јас верувам дека ќе успееме.“, изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

Со ист став и нејзината колешка Ленче Ристоска. Таа вели дека нејзиното залагање е поголемо од притисокот.lence-21

Специјалното јавно обвинителство е резултат на Договорот од Пржино, помеѓу четирите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Лидерите на партиите, се согласија оваа институција да истражи сите предмети кои произлегуваат од аферата со прислушувањето.

Министерството за внатрешни работи поради јавниот и политичкиот притисок, кој се врши врз тимот на обвинители, кои работат со Катица Јанева, им понуди заштита.

Извор: ТВ21