(ВИДЕО) Спасовски: Ќе има правда за сите подеднакво, правда која ќе суди по закон а не по нарачки и наредби на Груевски

0
1291

Дел од обраќање,
Оливер Спасовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2
Бутел, Митинг, 07.12.2016

Почитувани граѓани,

На овие избори не гласаме за партии, ова не е битка меѓу двајца лидери. Овие избори се битка за живот, за живот на граѓаните во Македонија.

Нам ни треба стабилна иднина и стабилни луѓе кои ќе ја водат Република Македонија, напред. Не ни требаат луѓе како Груевски или Тодоров. Тие десет години го уништува секој сегмент на Република Македонија. Јасно е! Со нив нема иднина, нема стабилност. Не ни требаат нови четири години на лажање на македонските граѓани, на крадење соспствениот народ и на малтретирање и на понижување на Република Македонија. Доста е!

Нам ни треба нова енергија, нова влада која ќе обезбеди живот за сите, која ќе ја врати правдата, достониството и напредокот во Република Македонија.

Нам ни треба живот, и тоа живот овде во Македонија!

Затоа во недела масовно, одлучно и храбро да се упатиме кон гласачките места и да заокружиме 4. За да ја вратиме правдата, да го вратиме животот, да ги вратиме парите назад кај граѓани.

По 11 декември ја укинуваме радиодифузната такса. Ќе ја вратиме евтината тарифа на електричната енергија во Република Македонија. Секој ден по два часа и за време на викенд 24 часа. Така ќе ги намалиме трошоците и сметките за струја, повеќе пари ќе остануваат кај граѓаните. Ќе воведеме праведни даноци. Сиромашните ќе плаќаат помалку од богатите.

На крајот од секоја година, ќе има поврат на 15% од ДДВ. Секој граѓанин ќе добие поврат со што ќе добие една просечна плата од крајот на годината. Тоа значи нова енергија, тоа значи нов приход во едно семејство, тоа значи поголема среќа, затоа што има и поголема егзистенција. Значи зголемена куповна моќ, зголемен животен стандард, меѓутоа значи и поголема фискална дисциплина во Република Македонија, а со тоа добиваат и граѓаните, и Република Македонија.

Со намалувањата на трошоците и со покачувањето на минималната и просечната плата, ќе обезбедиме повисок животен стандард и посреќни граѓани. Граѓаните ќе имаат повеќе пари за трошење и поголема куповна моќ. Ќе имаат пристоен живот тука во Македонија.

Но животот без правда е несигурен живот и затоа покрај живот за сите, ќе има правда за сите, за секој граѓанин на Република Македонија, без разлика кој е, каков е, и од каде е.

Никој нема да биде над законот. Никој нема да нарачува пресуди и предмети кај судии. Ќе има правда. Правда за сите подеднкаво, правда која ќе суди по закон а не по нарачки и наредби на Груевски.