(ВИДЕО) Спасовски со порака до насилниците од МВРО-ВМРО и до Чавков : За насилствата во Парламентот ќе мора да има сериозна командна одговорност и во МВР!

0
1224

Изјава за медиуми
Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ
Скопје, 12.05.2017

Очекувам дека Јавното обвинителство на Македонија многу сериозно ќе се зафати со овој настан во кој се влезе во еден витален објект од витално значење за Република Македонија. Тоа претставува рушење на уставниот поредок на државата и бескомпромисно треба да се бара одговорност од сите. И од оние кои се насилнци, оние кои организирано во група влегоа во Собранието со цел да убијат и линчуваат пратеници, меѓутоа ќе мора да има сериозна командна одговорност и во МВР и за сите припадници кои не постапувале и кои не биле во функција на заштита на овие објекти од витално значење на Република Македонија и во заштита на животот и здравјето на пратениците во Собранието.

Одговор на новинарско прашање

Медиуми: Господине Спасовски, вчера министерот Агим Нухиу рече дека од 2014 година наваму, не се снимале командите во МВР. Вие бевте запознаен со тоа кога станавте министер?

Спасовски: Не. Јас немав таква информација. Тоа што сега е констатација од министерот, може да го потврди самиот тој или документацијата во МВР.