(Видео) СДСМ – Спасовски : Поплавите имаат име и презиме, Никола Груевски, предлагаме решение

0
1082

СДСМ е помеѓу граѓаните од загрозените региони. Членовите и симпатизерите на СДСМ постојано се на терен за да можеме да помогнеме толку колку што е во наша можност и заради спецификата на пелагонискиот регион, каде што има  сериозни оштетувања од поплавите.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=wVncNPegUJA[/youtube]

Имаме формирано кризен штаб за општините Битола, Новаци и Могила коишто се во постојан контакт со граѓаните за да им излезат во престрет за состојбата во којашто се наоѓаат.

Многу штета има претрпено населението од овие региони, најмногу земјоделците: преку земјоделските површини и после повлекувањето на  водата сигурно нема да можат да остваруваат приходи, како и граѓаните со поплавени домови.

Знаеме дека оваа катастрофа и состојбата во којашто се наоѓаат граѓаните во Република Македонија има име и презиме, а тоа е Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Тие со своето недомаќинско и неодговорно однесување, во последните 8 години допринесоа за една ваква состојба во којашто се наоѓа државата. Наместо да вложуваат финансиски средства коишто ќе се користат за чистење на речните корита за одводните канали, барем да ги користат парите коишто им ги земаат на земјоделците за наводнување и одводнување за намените коишто ги користат. Тогаш ќе имаше превенција на ваквите состојби. Меѓутоа тие, тие пари ги користат за други намени и ги оставија граѓаните на милост и немилост во овој регион и воопшто во Република Македонија.

Џабе се сега прошетките и на Груевски и на министрите во Владата во овој момент, кога навистина се направени штети. Требаше и Груевски и министрите многу поодговорно да се однесуваат и наместо да прават роуд шоуа надвор од државата, да бидат овде помеѓу граѓаните и да си ги работат задачите и работите за коишто се овластени и да парите ги трошат наменски.

СДСМ покрај тоа што ја лоцира одговорноста директно кај Груевски и  ВМРО-ДММНЕ, во неодоговорноста на нивните министри и при извршувањето на активностите и работите, ние имаме предлог до Владата, нека го чујат и граѓаните на Република Македонија.

Решение на проблемот не е изјава на премиерот дека можело да биде и полошо од ова што е сега. Сигурно е дека со секој ден на власт, со него е полошо од ова што е сега.

СДСМ предлага користење на парите предвидени од страна на Европската комисија за оваа намена. Постои солидарен фонд или фонд на солидарноста на Европската унија, којшто има предвидено финансиски средства за елементарни непогоди. Досега 24 држави искористиле европски средства од овој фонд, некаде околу 4 милијарди евра, за превенција од елементарни непогоди.

Затоа мора што поскоро да се формира еден тим којшто ќе воспостави контакт со генералниот директорат за регионални политики во Брисел и на тој начин да се подготви апликацијата за искористување на вакви финансиски средства. Со апликацијата и комуникацијата со овој генерален директорат да се гарантира и успешноста на таа иницијатива. Да можеме тие пари, коишто се наменети за вакви потреби, а Македонија како кандидатка за членка во ЕУ има право да ги користи тие пари, да се започне сериозно со чистењето на одводните канали, на речните корита и слично и парите да ги искористат наменски.

Ова е сериозен предлог којшто денеска го упатуваме и до Груевски и до ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа треба да го направат час поскоро бидејќи времето за аплицирање е 12 недели и треба тоа да го искористат максимално за да оставиме впечаток како сериозен организиран систем на Република Македонија, иако со една ваква ненародна власт тоа тешко може да се констатира.

Уште еден апел и повик: не е добро да доаѓаме кај луѓето во моменти кога настанала сериозна штета, време е една одговорна власт, а таква власт не е ВМРО-ДПМНЕ, да направи се за превентивни мерки за спречување на ваквите состојби.

Pelagonsiki_region Pelagoniski_region_1 Spasovski,_08.02.2015 Spasovski_f1 Spasovski_f2 Spasovski_f3 Spasovski_f4 Pelagoniski_region_f1