(ВИДЕО) Спасовски: Нова енергија во МВР во интерес на Република Македонија‏

0
874

Денеска промовиравме 434 нови кандидати за полицајци. Нова енергија во рамките на Министерството за внатрешни работи во моменти кога и Република Македонија и министерството се соочуваат со предизвик за сериозни реформи, за праведно општество, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Сметам дека таа професионалност, одговорност којашто и денеска ја искажавме тука ќе биде водилка во работењето на новите полицајци.

Почитувањето на законот и професионализацијата на Министерството за внатрешни работи е од исклучителна важност заради тоа што пред се треба да се задоволува граѓанскиот интерес и интересите на Република Македонија.

Токму преку вакви млади луѓе коишто влегуваат во полицијата, свесни за сопствената одговорност и свесни каде треба да се движи Република Македонија, дека иднината се токму младите. По денешната промоција новите луѓе коишто ќе влезат ќе бидат новата енергија на Република Македонија и новиот начин на промовирањето на вредностите.