(ВИДЕО) Спасовски : На 13 декември граѓаните имаат лесен избор, да го изберат Сашко Николов за градоначалник за Штип да остане во сигурни раце и да напредува

0
1052

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, кој денеска беше меѓу граѓаните на Штип, вечерва во директно обраќање истакна дека штипјани на 13 декември имаат лесен избор, да го изберат Сашко Николов за градоначалник, за Штип да остане во сигурни раце, да напредува и јасната визија на кандидатот да биде релност.

Спасовски истакна дека прва констатација на средбите со граѓаните на Штип е дека навистина има сериозна промена во Штип во изминатите три години, завршени проекти, асфалтирани улици, реашавање на клучни прашања во општината, како изградбата на брадата на реката Отиња и дека е многу важно да се продолжи тој пат, но исто така се чувствува таа верба во Сашко Николов, кој граѓаните добро го познаваат.

Најважна карактеристка е тоа што Сашко Николов одбра да го направи во Штип, иако со својата стручност и компетентност може да оди во странство и да зема огромни пари, а тој одбрал да биде овде во својот град да направи нешто добро за државата, тоа е една голема препорака тоа е патриотизам, нагласи Спасовски.

Тој истакна дека изборите се прават заради граѓаните, одговорноста на политичките партии се гледа и тука, дали ќе учествуваат или не, а ВМРО-ДПМНЕ со неучеството на изброите во Штип покажа лицемерие, страв и бегство од пораз.

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски ги повика граѓаните на Штип на 13 декември да ја земат иднината во свои раце , без разлика на возраст, верска, етничка и политичка припадност, масовно да излезат на гласање, на фер, демократски и безбедни избори на кои нема здравствен ризик.