(ВИДЕО) Спасовски: Груевски да се соочи со реалноста, овие преговори мора да завршат успешно

0
1055

Oliver-press-685x320

„Денеска тимот од раководството на СДСМ, заедно со потпретседателката Фросина Ременски и членот на Извршен одбор, Петар Атанасов, е помеѓу граѓаните на Кочани, да поразговараме за нашиот проект Визијата за Македонија, нашата политичка платформа.

Пред се да ги чуеме граѓаните, нивните размислувања околу одредени наши решенија, да понудат некои нивни предлози коишто сметаат дека треба да се најдат во програмата на Социјалдемократскиот Сојуз. Тоа е пред се програма која се враќа на изворот на социјалдемократијата , програма која што ќе понуди правда за секого во Република Македонија, слобода, демократија, да ја вратиме средната класа помеѓу граѓаните на Република Македонија“, рече Оливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ.

„Меѓутоа очекувам и да чујам и некои проекти кои се значајни за самата општина Кочани. Бидејќи факт е дека многу општини во Р.Македонија се окупирани или вмро-изирани од страна на овој режим на власт. Сметам дека и покрај тоа што има целосна власт не напредуваат ниту општините, ниту се подобруваат условите за граѓаните. Затоа е многу важно да чуеме што е тоа што е битно за граѓаните на општина Кочани, тоа е дел од работата на тимот што ќе ја има денеска и на крајот ќе завршиме со една трибина на која што подетално ќе разговараме за првиот столб од нашата програма а тоа е одговорна власт.

Бидејќи не е доволно да имате само визија, да имате добра програма, треба да има одговорна, чесна власт со компетентни и стручни луѓе. Такви луѓе има Социјалдемократскиот сојуз и во тој сегмент сакаме да ги чуеме и граѓаните.

Исто така од тука сакаме да упатиме порака дека политичките преговори коишто се водат во моментот во Република Македонија мора да завршат успешно. Не треба Груевски ниту ВМРО-ДПМНЕ да купуваат време, бидејќи навистина нема време. Дојден е денот да се носи одговорност и мислам дека не треба да продолжуваат со тие финти кои ги употребуваат и во текот на преговорите, и ова што и го прават на Р.Македонија во овие 9 години. Напротив, да се соочат со реалноста и да овие преговори завршат успешно во делот на изборното законодавство. Да ги продолжиме разговорите околу медиумите и како тоа да овозможиме еднаков пристап на сите граѓани, на сите политички субјекти до медиумите да создадеме фер шанса за секој политички субјект на политичката сцена во Р.Македонија и на 24-ти април да ги промениме состојбите.

Бидејќи повеќе од јасно е дека режимот на Груевски заминува и тие тоа добро го знаат. Затоа се обидуваат преку одложување на преговорите, преку немање на аргументи да ги бранат решенијата, да опстојуваат уште некое кратко време. Меѓутоа одговорноста нивна се повеќе ќе се зголемува, бидејќи граѓаните не можат да го поднесат овој терор којшто им се прави во овие изминати девет години. Тоа заедно мора да го прекинеме.

Затоа повикувам на политичкo чувство, Груевски да покаже малку разум и преговорите коишто се започнати да завршат успешно и на тој начин, еден процес којшто помогнат од ЕУ и САД овозможи на Република Македонија да избере власт каква што заслужуваат граѓаните“, рече Спасовски.