(ВИДЕО) Спасовски: Во интерес на демократијата и на граѓаните Деловникот мора да се почитува!

0
1165

„Почитувани граѓани, почитувани колеги пратеници. Најнапред сакам да ви го честитам изборот на овој мандат за пратенци во Собранието на Република Македонија и да посакаме успешна и демократска работа во Собранието. И во тоа име сакам само да ја искажам процедуралната забелешка во името на коалицијата на СДСМ, а се однесува на претседавањето на оваа седница.oliver-spasovski-670x453

Сметаме дека г-динот Вељановски во овој момент не треба да претседава со седницата, конститутивна во Собранието, заради тоа што и парламентарната пракса и деловничките одредби говорат дека најстариот пратеник во Собранието на Република Македонија, највозрасниот по години треба да претседава со конститутивната седница.

Се повикувавте на членот 9 од ставот 2, врз основа на тој член дека имате право да претседавате, меѓутоа не го читате ставот 1 во којшто се укажува дека доколку поранешниот претседател не ја свика седницата, ја свикува највозрасниот пратеник во Собранието на Република Македонија и тој претседава со таа седница што ја свикува.

Дополнително, како аргумент ќе ви понудам се повикувате на промена на деловникот на Собранието на Република Македонија, промената не е направена во 2008 година, значи ниту во 2011, ниту во 2014 година. Ако ги погледнете стенограмските белешки на Собранието на Република Македонија, ниту во 2011 година, ниту во 2014 година, не сте претседавале со седницата на Собранието на Република Македонија, туку претседавал највозрасниот пратеник во Собранието на Република Македонија.

Одма е симтоматично зошто тоа го правите, зошто воведувате нови пракси, нови стандарди во Парламентарната демократија во Република Македонија, а воведувањето на преседани и вакви пракси не е страно за ВМРО ДПМНЕ и за вас лично како довчерашен претседател на Собранието на Република Македонија и од тој аспект сметам дека не треба, ако се повикуваме во името на демократијата, во името на добрата работа во Собранието на Република Македонија, ако ги реализираме интересите на граѓаните на Република Македонија, токму на оваа прва конститутивна седница да си продолжите по стариот терк кршење на деловникот, на парламентарните пракси и покажување на едно насилие кое што сите ние барем декларативно се залагаме дека не треба да се случува, не овде во домот на демократијата, во претставничкиот дом на граѓаните на Република Македонија“, изјави Оливер Спасовски во Собранието на РМ, во име на СДСМ и коалицијата.