(ВИДЕО) Снимка од „City Mall“ за време на земјотресот: Вработените и купувачите панично бегаат

0
2565

Вчера Скопје го тресеа неколку земјотреси, а најсилен со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала беше оној во 15.07 часот.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар земјотресот бил со епицентар на пет километри од центарот на градот во регионот на Скопска Црна Гора на длабочина од четири километри.

Земјотресот предизвика паника кај граѓаните кои ги напуштија своите домови, но и јавните објекти каде се најдоа во тој момент.

Таков беше случајот во „City Mall“ каде купувачите беа евакуирани, а трговскиот центар вчера беше затворен.