(ВИДЕО) Смилеска: Ќе ја укинема радиодифузната такса

0
2144

„Ставаме крај на криминалните политики на Никола Груевски.

Само по основ на глоби и казни, власта во изминативе години земаше од 65 до 85 милиони евра од граѓаните на република Македонија.

Никогаш повеќе нарачани казни и неразумни давачки!

Најпрво ја укинуваме радиодифузната такса за сите граѓани. Нема повеќе блокирање на сметките од граѓаните со ваква давачка.

Македонската радио телевизија, наместо слуга на власта, ќе биде професионален медиум, каде министрите барем еднаш месечно ќе учествуваат на дебата со опозицијата.

Нарачаните походи на УЈП, ќе бидат минато. Нема повеќе „пиштење и вриштење“ за дуќанџиите и фирмите. Инспекциските служби нема да бидат инструмент за репресија и политички притисоци.

Превенцијата ќе биде основниот пристап во казнената политика.

Инспекцијата прво ќе изрекува опомена за сторен прекршок, а казна само при повторување на прекршокот.

Казните драстично ќе ги намалиме и ќе бидат пропорционални на приходите и на големината на деловните субјекти.

Извршителите, нема да претставуваат ноќна мора. После 11 декември, нема да може компензацијата за извршителите да биде 5 пати поголема од сумата која треба да биде извршена.

Ако должите 1.000 денари, нема да биде можно извршителот да Ви земе 3 или 5.000 денари.

Драстично ги намалуваме давачките за судски такси, казни, како и за адвокатските, нотарските и извршителски трошоци.

Една од првите мерки на новата Влада предводена од СДСМ, ќе биде овие трошоци да не надминуваат 20% од вкупниот спор.

Почитувани сограѓани, имаме план за достоинствен живот на сите граѓани.

Гласањето за бројот 4, е глас за живот во Македонија“, изјави Кети Смилеска – Кандидат за пратеник во И.Е.4 од редовите на СДСМ.