(ВИДЕО) СКАНДАЛ: РЕЖИМСКИ ФАНТОМ си прави списоци со лични податоци на жителите од поплавените села!

0
1387

Никој не знае од каде списоци со имиња на жители на поплавените села се најдоа на сред село на Стајковци. На импровизиран пункт пред локалната кафетерија човек кој не сакаше да се претстави ниту пак носеше било каква идентификациона картичка ги делеше меѓу луѓето. Кога се обидовме да го прашаме од каде му се списоците, во која улога е таму и која е целта не сакаше да одговори, пренесува Телма.

Од она што може да се види на списоците на нив има име презиме место на живеење матичен број, број на лична карта телефонски број и име на банка. И покрај тоа што во нив има лични податоци во нив увид имаше секој што ќе дојде. Луѓето се збунети ама претпоставуваат дека се води евиденција дали се на списокот за авансна помош оти телефонските броеви на министерството за финансии постојано се блокирани.

Од финансии пак се недостапни да објаснат дали нивни вработен е човекот кој ги има овие списоци. Жителите на Стајковци го препознаваат дека е од нивното село особено после некнашната посета на премиерот Емил Димитриев кој пред камерите токму нему му објаснуваше дека ќе има авансна помош.

Инаку и денеска телефонските броеви на министерството за финансии на кои треба да се пријави банката на која жителите сакаат да им легнат 500 евра помош се блокирани. Министерот Кирил Миновски не одговора на телефонските повици на телма ама преку соопштение се обрати до жителите.

Ги замолуваме сите што веќе еднаш воспоставиле контакт со Министерството, да им остават простор и на другите лица да се јават. Министерството за финансии ги известува граѓаните дека можат да пратат и СМС порака до надлежните во Министерството, во која ќе ги наведат името и презимето, како и банката во која сакаат да им бидат уплатени средствата. Податоците и телефонскиот број за контакт, граѓаните можат да ги достават и на е-пошта.

Но жителите реагираат зошто во соопштението се бара само име и презиме и банка а не и матичен број и прашуваат колку овие податоци ке бидат релевантни. Спорна за нив е и адресата за испраќање маилови бидејќи нема гаранција дека тие ќе пристигнат. Дел од нив зафатени со расчистување не ни знаеја дека треба да ја пријават банката дел пак со денови вртеле на броевите но безуспешно.

Хаосот со телефонските линии настана откако финансии побара граѓаните да се изјаснат во која банка сакаат да им се исплати помошта. Тие пак прашуваат зошто кога дошле проценителите не ги земале сите податоци со што би се избегнале овие проблеми.

ВИДЕОТО ОВДЕ