(ВИДЕО) СКАНДАЛ: Македонски царинарници вратиле хуманитарна помош од Бугарија за Скопје

0
1643

На Граничниот премин Делчево заглави бугарска донација за поплавените подрачја во Македонија. За делчевските царински служби била проблематична текстилната стока, па кутијата со работнички алишта и чорапи наместо во Стајковци се врати во Благоевград. Делчо Гошев човекот кој ја траспортирал стоката со саати чекал да се смилуваат службениците и да ја пуштат помошта, објави ТВ Стар.

„Оваа помош е од Р. Бугарија од Женско-културно просветно друштво на ВМРО од Благоевград.Ова е еден дел од помошта која беше испратена , а дел беше стопирана од царинскиот службеник,по негова преценка текстил во поголема количина, една иста роба не може да биде внесена“ , кажа Делчо Гошев.

Во делчевскиот Црвен крст вчера беше растоварена помошта од алишта, ќебиња, конзерви храна, ориз, леќа, вода. Паричните средства собрани од акцијата, од Организацијата лично ќе ги донесат во делчевскиот Црвен крст:

„Само чорапите останаа и работничките алишта другото го донесов, ама пак по интервенција на Граничната полиција, ми беше дозволено ова да го пренесам, другото не попушти царинскиот службеник и беше вратена назад во Бугарија“ , вели Делчо Гошев.

Оваа постапка на делчевските цариници е разочарувачка, вели Гошев:

„Нивната акција продолжува и понатаму, но после ова не знам како ќе биде, џабе е ако другите држави сакаат да ни помогнат кога ние самите сме против себе“ , рече Делчо Гошев.

Денеска се обидовме да побараме одговор од првите луѓе на делчевската царинска испостава, но тие беа недостапни да одговорат-зошто е вратена донацијата од Бугарија и кои препораки донаторите од другите држави треба да ги испочитуваат за да ја донесат помошта во Македонија.