Асим Муса кој беше предложен од Владата во мај минатата година за заменик министер за здравство е снимен како зема мито за операција.
„Делото“ е снимено во Струга каде што Муса работи како лекар, а наводно пациентот е новинар.
Видео снимката ја објави истражувачката емисија „Фикс Фара“ што се емитува на Top Channel.
„Пациентот“ и заменик министерот се договараат за термин за операција која би требало да се изврши во просториите на Институтот за нефрологија во Струга, познат како Дијализа, а од договореното се заклучува дека операцијата треба да биде илјада евра, а Муса зема однапред 50 евра.
1. Трагично е што гледаме како вториот човек во здравството зема мито
2. Трагично е што го “го купиле” за 50 евра
3. Трагично е што ова го открија новинари од Албанија… Ова значи дека тој што пријавил знаел дека власта може да најде начин да го стопира објавувањето на видеото https://t.co/aRiHwJHiT9— FurKlan (@FurkanSaliu) October 14, 2019