(ВИДЕО) Силјановска си ја има мувата на капата : Доколку сметав дека Конвенцијата е фарса, немаше да се пријавам

0
1455

По завршувањето на партиската Конвенција во Струга, на која Гордана Силјановска со 408 од 519 гласа беше избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, таа одговараше на новинарски прашања од кои во едно беше побарано нејзин коментар за тоа дека Конвенцијата е фарса и дека однапред била избрана.

„Јас сум во принцип демократ и се борам за слободно изразување и слободна волја. Не прифаќам лажни избори ако не се демократски. Ако беше така немаше да се пријавам“, одговори професорката.

Линк до видеото, ОВДЕ.