(ВИДЕО) СДСМ СТАВА СТОЛБОВИ НА ДРЖАВАТА, ВМРО ГИ ШАРА СО СПРЕЈ И ГЛУМИ ЛУДИЛО: Последниот патнички мост на Скопје беше изграден од СДСМ и Ристо Пенов, сега пак дојде ред СДСМ и Петре Шилегов да градат нов мост кај Аеродром!

0
960

ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ НОВИОТ МОСТ НА БУЛЕВАРОТ АСНОМ

Остваруваме уште едно мое ветување, уште еден капитален проект што ќе го обележи мојот прв мандат како градоначалник на Скопје. Општините Аеродром, Гази Баба и Центар за помалку од две години ќе бидат поврзани со нов мост и модерно булеварско решение што ќе го релаксира сообраќајот во овој дел од Скопје.

По изградбата на овој мост и пробивањето на новиот коридор, од Ново Лисиче до Судската палата со автомобил ќе се стигнува за 5 минути, со автобус за 10 минути, со велосипед за 18 минути, а со пешачење за 35 минути. Со тоа, граѓаните на овие три општини можат да заштедат и до 20 минути од времето поминато во сообраќај доколку ја изберат оваа рута.

Изградбата на овој мост во планската документација на Скопје постои уште од 1965 година, но за жал, заради отсуство на визија за развој на градот и немање чувство за вистинските приоритети неговата изградба била одложувана за некои подобри времиња. Од тие причини, за мене недозволиво беше Аеродром како најнаселена општина и Гази Баба како општина со најголема економска активност да бидат поврзани со само еден мост наменет за моторен сообраќај, постојниот мост „Близнак“.