(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП СЕ ПОФАЛИ ЗА НОВОТО И СОВРЕМЕНО КОМУНАЛНО ВОЗИЛО ЗА СОБИРАЊЕ НА ОТПАД

0
933

Филип Попоски – Портпарол на ОО СДСМ – Прилеп

Почитувани,

Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Јованоски, на секој чекор докажуваат дека заштитата на животната средина е еден од главните приоритети.

Набавката и ставањето во функција на ново и најсовремено комунално возило за собирање на рециклиран отпад, е уште еден доказ за тоа.

Покрај новото комунално возило за собирање на отпад, кое од вчера е во рацете на прилепски Комуналец, до крајот на месец ноември пристигнува и нова хидраулична автоматска преса за сите типови на рециклиран отпад.

Вкупната вредност на комуналното возилото и пресата за отпад е 121.000 евра, инвестиција која многу ќе го олесни собирањето и транспортот на рециклираниот отпад од домаќинствата и ќе ја намали лошата слика на истекувања по улиците од старите и дотраени комунални возила.

Претходотно раководство на ЈКП „Комуналец“ предводено од Златко Ристески – првиот братучед на екс градоначалникот Марјан Ристески, во 12 годишното директорување не само што не го обнови возниот парк, туку и го задолжи претпријатието со 1.500.000 евра долг кон вработените и разни доверители.

Наспроти таквото расипничко и недомаќинско раководење со прилепски Комуналец, локалната власт предводена од СДСМ со одговорно и домаќинско трошење на народните пари, ги зајакнува капацитетите на локалните јавни претпријатија и ги подобрува услугите кон граѓаните.

За СДСМ дадениот збор важи.