(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП – Ристеска : Ги укинавме квотите за лекови на рецепт, нема повеќе страв и паника кај пациентите

0
1080

Симона Ристеска – член на Комисија за здравство при ОО СДСМ Прилеп.

Како одговорна политичка партија покажавме дека грижата за здравјето на граѓаните, е наш врвен приоритет.

Токму затоа, Владата предводена од СДСМ целосно ги укина квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава.

Со оваа мерка, веќе неколку месеци граѓаните ги подигнуваат лековите во секое време, било тоа во почетокот, средината или кон крајот на месецот, без  паника и страв дека може да останат без потребниот лек.

Водејќи сметка за здравјето на граѓаните, го решивме деценискиот проблем со недостатокот на лекови.

Денес пациентите се снабдени со лекови согласно нивните реални медицински потреби, без да прават залихи на лекови во нивните домови.

Се уште се свежи сеќавањата на граѓаните на гужвите и долгите редици на чекање кај матичните лекари и аптеките на почетокот на секој месец.

Токму ВМРО-ДПМНЕ беше партијата која цела деценија го уништуваше здравствениот систем, ги понижуваше и пациентите и лекарите.

Јавноста очекува одговори за чии интереси се набавуваа лекови и инсулини од паралелен увоз со сомнителен квалитет без сертификати, за време на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ веднаш штом ја презеде одговороноста да го води здравството го смени законот за лекови и медицински средства. Сега, за секој лек во земјава мора да има два сертификати: за квалитет од производителот и од контролна лабораторија.

Во државата повеќе нема неквалитетни лекови кои доаѓаат од земји со сомнителен карактер, а довербата кај граѓаните постојано се враќа.

Продолжуваме со политиките кои значат подобро здравје и подобар живот за сите граѓани.

Тоа е правиот пат!