(ВИДЕО) СДСМ Прилеп – Николоска : Исполнето ветувањето на СДСМ за 100.000 денари плата за лекарите специјалисти

0
949

Драгица Николоска – Комисија за здравство ОО СДСМ – Прилеп

Владата предводена од СДСМ инвестира во здравствените работници и води вистинска грижа за здравјето на граѓаните.

Веќе од следниот месец следува ново зголемување на платите за вработените во здравството.

Заедно со сите претходни зголемувања кои ги донесе Владата на СДСМ,  февруарската плата плата на лекарите специјалисти се зголемува за 40 отсто, на медицинските сестри за 20 отсто, на општите лекари за 25 отсто, а на здравствените соработници за 15 отсто.

Ова е огромно зголемување на платите, кое го добиваат над 18.000 вработени во јавното здравство.

Дополнителен доказ дека СДСМ го цени и вреднува трудот на вработените во здравството, се најновите измени и дополнувања во Колективниот договор за здравствена дејност, со кои е опфатен и помошно – техничкиот персонал, а со кои значително се зголеми коефициентот на сложеност, односно се зголемува и додатокот на плата за дежурства..

Ако досега само во некои клиники со дежурствата платата на лекарите специјалисти достигнуваше 100.000 денари, од следниот месец на сите клиники платата ќе биде 100.000  денари, а некаде и повисока.

Во општите болници ширум земјата, со сите овие зголемувања лекарите специјалисти ќе  добиваат помеѓу 85 и 110.000 денари, во зависност од дежурствата.

Почитувани,

Ветувањето на СДСМ за плата од 100.000 денари за лекарите специјалисти, е исполнето.

За разлика од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ вложува во човечкиот капитал, ги мотивира здравствените работници, обезбедува подобри услови за нивна работа и поквалитетна здравствена заштита за сите граѓани.

Граѓаните ги чувствуваат овие придобивки и затоа на 12 април ќе потврдат дека сме на вистинскиот пат.