(ВИДЕО) СДСМ Кривогаштани : Кривична пријава за градоначалникот на општина Кривогаштани, Тони Заткоски и неколку соработници поради криминална набавка на видео надзор и играње контра-разузнавачка служба во село

0
3030

Прес конференција на ОО СДСМ Кривогаштани

Како што најавивме на претходната прес-конференција ОО на СДСМ Кривогаштани нема да потклекне на притисоците и криминалот на локалните функционери од Општина Кривогаштани и остро ќе се спротивстави на злоупотребите кои ги вршеле при располагање со општинските средства на штета на жителите на оваа општина преку барање за одговорност пред надлежните судски органи.

Во изминатиот период и видовме и слушнавме дека актуелната власт буквално ја киднапирала приватноста на граѓаните на оваа држава со цел да може да воспостави контрола врз целокупниот живот на поединецот, така и оваа Општина предводена од Градоначалникот Тони Заткоски не била исклучок во практикување на таквите методи.

krivogastani kamera 1krivogastani kamera 2krivogastani kamera 3

Поради тоа, денес против одговорните лица во Локалната самоуправа, Јавното претпријатие Пелагонија и др.правни лица, пред Основното јавно обвинителство Прилеп ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека пријавените со искористување на својата службена положба и овластување во периодот 2012/14 година спротивно на  одредбите од Законот за јавните набавки без претходно спроведување на постапка за јавна набавка на опрема за видео надзор извршиле набавка на опрема за видео надзор, истата ја инсталирале-поставиле на Општинската зграда на ЕЛС Општина Кривогаштани, зградата и објектот на магацинскиот простор на Јавното претпријатие ПЕЛАГОНИЈА од Кривогаштани и на зградата на Основното училиште Манчу Матак во Кривогаштани спротивно на Законот за заштита на личните податоци на кој начин ја нарушиле приватноста на граѓаните и предизвикале штета на средствата на Буџетот на Општина Кривогаштани.  Истовремено ОО на СДСМ Кривогаштани до Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе поднесе иницијатива за вршење на вонреден инспекциски надзор во Општина Кривогаштани заради поведување на постапка за утврдување на прекршочна одговорност на правните лица за таквото прекршување на Законот за заштита на личните податоци

Почитувани сограѓани, времето на стравот од јавно и отворено истапување против вака воспоставената диктатура на овој режим заврши.  Во името на слободата, правдата и чесноста, граѓаните ќе се спротивстават и ќе бараат одговорност за секоја злоупотреба на моќта на актуелната власт.

Ви благодариме.