(ВИДЕО) СДСМ Битола: Земјоделците во битолско без вода за наводнување

0
1267

vkovacevski-685x320

„Она на што опоменувавме и од што стравувавме, за жал стана реалност. Од февруари, кога се појави свлечиште на главниот стрежевски канал, досега, надлежните од власта на ВМРО ДПМНЕ не презедоа ништо да се санира проблемот“, рече на денешната прес конференција, Васко Ковачевски, Пратеник и Претседател на ОО СДСМ Битола.

„Поради тоа, од вчера во прекин е главниот канал преку којшто се снабдуваат со вода градот Битола, земјоделците во Пелагонија, а вода користи и главниот енергетски комбинат, РЕК Битола.

На овие тропски горештини, од вчера без капка вода останаа земјоделците во битолско, кои изминатиот период го поминуваа со рестрикции и со мал притисок на вода.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=PYtuuA4VQ2c[/youtube]